Изложба на Андреј Миневски во Прилеп

Во петок 15.12.2017 во 19 ч. во ликовниот салон на ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Секвенци од создавање“ од Андреј Миневски

Андреј Миневски, роден на 26.04.1992 година во Скопје. Средно училиште го заврши во училиште за уметност “Лазар Личеноски” во Скопје, Република Македонија. Од тогаш активно се занимава со скулптура. Своето образование го продолжи на Универзитетот Кирил и Методиј, на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на отсекот вајарство во класата на професорот Исмет Рамиќевиќ и дипломира во 2014 година.

Скулптурите кои ги работи се направени од различни материјали како дрво, пластика, цемент, метал и друго. Сепак, металот е материјал во кој го гледа сопствениот уметнички израз и креативност.

До сега зема учество на повеќе изложби и ликовни колонии:
Самостојна изложба, насловена ” T – rex “,во декември 2015 година.
Учествува на Интернационалната Лесновската ликовна колонија – 2016 година
Учество на Интернационалната Кичевска колонија – 2016 година.

Учество на Скопје Креатива со скулптура од метал Pteranodon на карпа во 2016 година
Учество на изложбата „ 35 години од формирањето на Факултетот за ликовна уметност“ со дело “Барам”, изработено од метал, во март 2015 година
Учествува на групната изложба Young Art во Национална Галерија Мала Станица, во Скопје, со делото „Торзо“, во 2015 година

Учество на групната изложба Liber Tango во галерија КО-РА во Скопје
Учество на годишните изложби при Факултетот за ликовни уметности




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.