Излетал од коловозот: Прилепчанец со внатрешно крварење итно на Ургентен

brza-pomos-stip

Страшна сообраќајна несреќа се случила во 19 часот и 15 минути на патот Прилепсело Оревоец,  кога 50-годишниот Љ.Сод Прилеп управувајќи моторциклСузуки“ без регистарски таблици, излетал од коловозот.

Во незгодата тој се здобил со тешки телесни повреди и тоа фрактура на череп и внатрешно крварење, а по укажаната лекарска помош во Општата болница во Прилеп е префрлен во Ургентен центар Скопје.

Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.