ИХФ на македонски јазик им честиташе на нашите млади ракометари за пласманот во осминафинале

20292167_10211894302464429_45205306_n

Нашите млади ракометари до 21 година за прв пат во историјата поминаа групна фаза на едно големо натпреварување и не направија горди. Македонија синоќа го победи Бразил со резултат 28:23 и се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Алжир.

Таму ги чека дуел токму со домаќинот.

Светската ракометна федерација на Твитер на македонски јазик им честиташе на нашите херои за големиот успех.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.