Звонко Јованоски, поранешен секретар на СДС Прилеп ќе е новиот директор на ЈКП КОМУНАЛЕЦ??

Дали оваа одлука е вистинита или шпекулација ќе знаеме за краток период.

Советник во минатиот состав на Советот и секретар на ОО на СДС во времето кога градоначалникот беше претседател на прилепските социјалдемократи.

Наводно со скромно работно искуство во менаџирање со човечки ресурси, теретот да се води претпријатие со 400 вработени кое се грижи за лицето на градот, предизвикува скепса за понатамошното функционирање на ова јавно претпријатие.

Нов возен парк, селекторан отпад, нови контејнери, фабрика за селекција на отпад, капела, огромни парковски површини, се само една десеттина од проектите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа фирма.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.