За малку ќе изгубеше свест: Очекуваше 1500 долари за неговиот “Ролекс”, но истиот вредел цело богатство (ВИДЕО)

3

Пред 55 години, овој воен ветеран си купил часовник “Ролекс ГМТ Мастер” во Германија за време на неговата службена должност таму.

Ги послушал зборовите на својот надреден да не се враќа дома без еден “Ролекс” и купил два, еден за него и еден за татко му.

Едниот од нив е првиот “ГМТ Мастер” модел кој компанијата “Ролекс” го изработила, а тој за тоа немал поима.

2

Сега после 55 години го донесол својот часовник, за кој патем ги сочувал сите пропратни документи, оригиналното пакување и оригиналното ремче, на аукција, и очекувал да добие околу 1500 долари за него.

Но проценителот ќе му предочи дека часовникот кој го купил за 120 долари вреди цело богатство, или само часовникот лесно може да се продаде за 35-45 000 долари, а со целата документација и оригинално пакување, може да достигне цела од 65- 75 000 долари.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.