Заев продолжува со пресметките со неистомислениците- на Фејсбук нападнати професорките што се спротивставија на двојазичноста

Власта предводена од СДСМ и Зоран Заев продолжува со пресметките со неистомислениците. Професорките кои ајвно се спротивставија на носењето на неуставниот Закон за употреба на јазиците, со кој албанскиот ќе стане втор официјален јазик во државата, а Македонија двојазична земја, се мета на напад од страна на поддржувачите на власта.

Сдсмовската перјаница Бранко Тричковски ги нападна професорките Гордана Силјановска и Груевска- Маџовска, како и академик Катица Ќулавкова преку пост на социјалните мрежи, тврдејќи дека нивното барање било „обид за силување на Македонија“. Дополнително, ваквиот став на Тричковски, му се допаѓа на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

-Отвореното писмо на Силјановска, Ќулафкова и Груевска-Маџоска против законот за јазиците, ме потсети да предложам и академските титули да почнеме да ги оверуваме како сообраќајните дозволи, на пример, или, уважените професори, доктори и академици и академички, да мораат да вадат нови сертификати после извесно време, како што е случај со бесмислената пракса со изводите од матичната книга на родените или со имотните листиви од катастарот.

Госпожите се дел од академската заедница која даде значаен придонес во разградувањето на државата и на нацијата, вклучително и на македонскиот јазик како интегративен елемент на заедницата, во времето на нсталацијата и развојот на злосторничкиот режим на вмро-дпмне, меѓу другото, со неспособноста да најдат минимални координати меѓу своите знаења и македонската реалност.

Нивното отворено писмо не е никаков обид за спас на македонскиот јазик како општествена и државна вертикала, туку е продолжување на таа пракса на апсолутната одлепеност од животот, обид да се набута животот во академските модели и во времињата кога тој, животот, ги има многукратно прераснато. Тоа се вика обид за силување на Македонија, вели Тричковски.

На ваквиот напад од Тричковски одговори поранешната пратеничка Солза Грчева.

-Simona Gruevska Madjoska Да Ве прашам професорке. Што баравте со оваа шарена багра?! Зарем уште одамна не видовте дека не припаѓате во друштвото на арогантни, невоспитани Сталинисти? На ваков статус лајкнал и оној министер за култура, замислете. И зошто не ги плукнете во чело од својата академска висина? На луѓе кои пази, магистрирале во Осијек (така бегаа тие кои не можеа да направат ништо дури ни во Скопје) Вие трпеливо им објаснувате.Или на напикани во Брисел новинарски династии кои никогаш не испорачале ама баш ниту еден аналитичен текст. Ви се чудам. Ова се множи со нула. Инаку писмото е одлично. Се споделува и се потишува петицијата. Еве сега мене нека ме пукаат и плукаат. Ама ич не ги фермам борците за слобода со џипови и хациенди. Тие се дно, напиша Грчева.

Професорката Билјана Ванковска вели дека тоа што Тричковски пишува за трите професорки, „не ме чуди – човеков живее во клоака“.

-Но, кога таквиот ФБ статус му го „лајкува“ министерот за култура и неговата НВО свита, сега во својство на државни службеници, тогаш тоа зборува за состојбата на духот на овој жабурник кој не трпи инакво мислење, дури и кога доаѓа од академска средина. Наместо да одговорат со контрааргументи на Отвореното писмо, тие удираат ad hominem по оние кои се дрзнале да го употребат умот и знаењето, и тоа да го стават на увид на јавноста, со име и презиме, вели Ванковска.

Извор: Курир

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.