Ексклузивно видео: Како Талат Џафери со помош на СДС го крши Деловникот само Прилеп да е двојазичен?!

Законот за употребата на јазиците денеска влезе на главна расправа во Собрание. Новиот закон предвидува во сите органи на државната власт како централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања, службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото писмо, да биде и албанскиот јазик.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека овој закон е противуставен.

Имено, предлог Законот за употреба на јазиците е спротивен на амандманот V на Република Македонија. Во Амандманот V, со кој се замнеува членот 7 од Уставот, никаде не се наведува “албански јазик“, како што се наведува во членот 1 став 2 од предложениот закон.

Во членот 1, јасно се наведува дека под “друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ е албанскиот јазик. Со тоа, со предложениот закон се повредува Уставот, бидејки во аманднманот V никаде не се наведува албанскиот јазик, туку се употребува терминологија “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”. Oва е формулацијата содржана и во Рамковниот договор.

Членот 1 од предложениот закон е спротивен на Амандманот V, во кој се наведува дека “друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто исто така е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член”.

Тоа значи дека со овој член од Уставот се определува јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, кој исто така е службен јазик и неговото писмо, а не како што се наведува во член 1 став 2 од Законот за употреба на јазиците со формулацијата “согласно овој закон”.

На денешната седница повторно до израз дојде неразумноста од страна на Талат Џафери, кој на барањето на пратеникот Илија Димовски, кршејќи го Уставот не дозволуваше пауза.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа на таа одлука на Џафери и СДСМкои сакаат без никаква дебата да го протуркаат овој закон и Македонија да ја направат двојазична.

Жално е што со овој закон двојазични ќе се направат и општини како Прилеп каде воопшто не живее албанско население.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.