ЕКСКЛУЗИВНО ВО ПРИЛЕП! За сите љубители на убавата музика! КOНЦЕРТ НА ГРУПА “ЛЕГЕНДЕ”

На 9 декември во домот на културата “Maрко Цепенков” во Прилеп, концерт ќе одржи една од најголемите музички групи во поранешна Југославија “Легенде”.

Љубителите на убавата музика, ќе можат да уживаат во двочасовен концерт на едни од најголемите мајстори на сите времиња на Балканот.

Концертот на шестчлениот состав на групата “Легенде”, кои имаат одржано повеќе од 1000 концерти и освоено голем број награди, од самата најава, предизвика голем интерес, па затоа навремено набавете си влезници.

Цената во предпродажба на истите е 400 денари и можете да ги набавите на билетарницата во домот за култура “Марко Цепенков” или да резервирате на телефонскиот број: 075/825-759.

Како загревање за големиот концерт, слушнете го едно од поновите остварувања на “Легенде” заедно со Халид Бешлиќ.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.