Долгото гледање телевизија е лошо по вашето здравје

Студија спроведена на примерок од 8.900 возрасни личности во Австралија открила е дека секој дополнителен час маратонско гледање филмови, серии или телевизиски програм, за 12 проценти го зголемува ризикот од смрт предизвикана од воспалени процеси.

Студијата, објавена во магазинот „Medicine & Science in Sport and Exercise“ почнала да се спроведува уште во 1999 година, со мерење на навиката на гледање телевизија на учесниците во истражувањето.

По 12 години, 909 од нив умреле, од кои причина за смрт на 1300 биле воспаленија под кои се подразбира широк спектар на заболувања, како Алцхајмерова болест, астма, дијабетис и бубрежни болести.

ТИе кои пред ТВ екраните поминуваат два до четири часа дневно, имале 54 отсто повеќе ризик од смрт предизвикана од воспалени процеси.

-Најмногу време во гледање телевизија поминувале старите луѓе, воглавно оние со низок степен на образование, кои имаат ниски приходи и кои најверојатно се поранешни пушачи, често имаат дијабетис и хепертензија и лоша општа здравствена состојба. Оние кои гледаат телевизија со часови воглавно и лошо се хранеле, изјави докторката Меган Грејс, еден од авторите на истражувањето.

Научниците откриле и дека поврзаноста на повеќечасовното гледање телевизија и кардиоваскуларните болести постои независно од пушењето или високиот крвен притисок.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.