„Диме Предавник“ испишано пред домот на пратеникот на СДСМ во Аеродром (ВИДЕО)

По протестите кои вечерва се одржаа пред домот на пратеникот Далибор Богдановски од Сопиште, жителите на општината Аеродром протестираа и пред домот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски.

„Предавник, предавник“, „Нејќам два, нејќам три, еден јазик сакам ја“, „Излези момче“ беа само дел од слоганите кои ги скандираа насобраните пред станот на пратеникот од СДСМ во Аеродром.

Тие пред неговиот дом на плочникот со спреј испишаа и „Диме Предавник“.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.