“Детскиот карневал” и оваа година креативен и забавен – 200 ученици од сите училишта во Прилеп, приредија прекрасна забава (ФОТО)

Aвтентична кореографија, инвентивни маски и насмеани детски лица… Повеќе од 200 ученици од сите училишта во Прилеп продефилираа денеска на градскиот плоштад “Методија Андонов – Ченто” на детскиот карневал кој веќе неколку години традиционално се одржува пред главното случување на Прочка.

“Eвропска Унија”, “Маша и Медо”, “Фроузен”, Снешковци, ликови од цртани филмови, “Пуканки”…. и многу други беа дел од денешниот карневал, а како и секоја година и оваа младите прилепчани приредија вистинско шоу и привлекоа големо внимание.

Во продолжение уживајте во преубавите креации:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.