Детската Амбасада oд Прилеп заедно со дечињата од ОУ “Kлимент Охридски” го одбележа 21 март денот на лица со Даунов синдром

21 Март е уште еден меѓу многуте меѓународни денови на кој Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, им оддаде чест со што им докажа на децата со Даунов синдром дека се подеднакво исти со сите нас.

Со активностите предвидени во планот и програмата на Детската Амбасада за Сите деца во Светот, се реализира активноста за меѓународните денови на среќата 20ти март и денот на лица со даунов синдром 21ви март.

Активностите се одвиваа во О.О.У. „Климент Охридски“ – Прилеп, со децата од посебните паралелки, каде учениците со помош на децата координатори во Детската Амбасада, одржаа една прекрасна работилница за изработка на велигденски украси од гипс и хартија.

Изработките беа сработени со многу внимание, при што кај децата можеше да се забележи многу среќа, задоволство, љубов и забава. Учениците споделија многу љубов кон активноста во која несебично дадоа се од себе.

За разлика од вчерашниот успешен ден каде се изработуваа прекрасни украси, на овој ден истите беа изложени и продавани. Поволните цени и прекрасните изработки примамија голем дел ученици од основните училишта кои што со координаторите наставници ја посетија нашата креативна работилница и притоа купија од изложените изработки.

– Целта беше постигната, децата другаруваа, изработуваа Велигденски украси, кои што беа продадени на базарот, а со средствата што беа собрани, на учениците во ова училиште им купивме подароци со кои што ги направивме многу среќни и задоволни, а секако и ние со нив, докажавме дека сите сме едно како и мотото на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот „ЕДНО НЕБО ЗА СИТЕ ДЕЦА“.

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот согласно планот и програмата, како во досегашното 20 годишно работење, ќе продолжи и во иднина да дава свој придонес за социјализација и правилен психо-физички развој овие деца.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.