Дете тешко повредено во сообраќајка во Прилеп – итно пренесено на скопските клиники

policijalenta7

Вчера во 18 часот и 30 минути во Прилеп, на крстосницата од улиците „Вера Циривири“ и „Борка Медарот“ се случила сообраќајна незгода во која во патничко возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот Д.В. од Прилеп удрило  10-годишно дете велосипедист од Прилеп.

Во незгодата сo тешки телесни повреди се здобило детето кое било пренесено и задржано на понатамошно лекување во Клинички центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полицијата во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.