ДОАЃА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАЛКАНСКИ ЅВЕЗДИ: Еден е фестивалот во Прилеп!

18920568_1559977554032489_1076065361615775593_n

Петнаесеттото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп ќе биде навистина посебно и возбудливо. Организаторите веќе ги објавија поголемиот број на имиња кои ќе настапат на фестивалската сцена во Прилеп. Меѓу нив се: “Aмадеус Бенд”, големата ѕвезда  Ален Исламовиќ, домашните бендови “Нокаут”, “Eye Cue”, реге ѕвездата Дон Минот, поп-рок атракцијата од Хрватска “Психомодо Поп”, оркестарот “Џамбо Агушеви”, а денеска позната е и една од најголемите балкански ѕвезди која ќе застане пред илјадниците посетители на фестивалот, Северина.

19437386_1577430448953866_7034348137933707234_n

Пејачката од Хрватска ќе ја гледаме на последната фестивалска вечер, како главно финале за годинешниот “Пиво Фест”.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.