ДЕНЕСКА СИТЕ НА МОГИЛА: ЕДЕН ГРАД, ЕДНА ЉУБОВ – ПОБЕДААА!!!

18446982_1198026266975099_8138091466460573083_n

Денеска со почеток од 16:30 часот на стадионот на “Могила”, Победа ја игра можеби најбитната утакмица оваа сезона. Во Прилеп гостува Македонија Ѓорче Петров, а триумф и сугурни три бода од овој меч за победашите ќе значат сигурен опстанок во Првата фудбалска лига и избегнување на осмата позиција на табелата која значи разигрување во баражот со третопласираниот од втората лига.

Токму затоа поддршката на овој меч е неопходна. Победа врза три триумфи во серија и е најдобра екипа во последните 5 кола во лигата.

Се друго освен триумф на овој меч ќе значи неуспех за прилепчани. Во прилог пред овој меч оди и тоа што екипата е комплетна, па шефот на стручниот штаб Штерјоски нема да има проблем во составувањето на единаесетмината кои ќе истрчаат на теренот.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров не е  ни малку лесен противник, ако се знае дека трите меѓусебни озвосезонски натпревари завршија без победник. Шефот на Стручниот штаб Зоран Штерјовски повикува на максимално сериозен пристап без потценување на противникот:
-Битен натпревар за нас во трката за директен опстанок. Ние сме влезени во победноносна серија која не смее да не понесе туку мораме овој неделен натпревар да го сватиме максимално сериозно. Пристапот кон овој меч мора да ни биде исто како да играме против Вардар или Шкендија. Пред се да не си дозволиме да го потцениме противникот кој знае да биде многу опасен.

 

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.