Го прашале Џерард Батлер која се бакнува подобро – Џенифер Анистон или Анџелина Џоли

Џерард Батлер гостувал во емисијата “Watch What Happens” во живо со Енди Коен, каде во склоп на една игра водителот го прашал која глумица подобро се бакнува.

Нему му било малку непријатно што го прашуваат баш тоа, застанал неколку секунди, а потоа одговорил: “Џенифер Анистон”.

Батлер работел и со едната и со другата глумица. Со Џенифер во 2010 година на филмот “Bounty Hunter”, а со Анџелина уште во 2003 во “Lara Crofr Tomb Raider: The Cradle of Life”.

И едната и другата глумица беа во брак со Бред Пит, Анистон од 2000 до 2005 година, а Џоли од 2014 до 2016. Анџелина наводно го “украла” Бред од Џенифер додека во 2005 година го снимале филмот “Господин и Госпоѓа Смит”, но се зборува и дека бракот помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон веќе бил распаднат кога тој се запознал со Џоли.

Во интервју кое во 2007 го дала за “Вог”, Анџелина рекла дека Бред и таа долго време биле пријатели, а љубовната врска им започнала кога тој се разведил со Џенифер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.