Времето студено со врнежи од снег- ќе се формира снежна покривка и на пониските места

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег.

Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и во понеделник претпладне, кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Ќе дува умерен, долж Повардарието и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до два, а дневната од минус еден до три степени.

Во вторник слаби врнежи од снег се уште ќе има само во западните делови од земјава. До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.