“Водата поевтинува 20% на следната седница на Совет во среда????”

Изминаа речиси три седмици откако Прилеп доби нов градоначалник и исто толку време откако прилепчани почнаа да се надеваат дека нивниот живот ќе тргне со фамозните ветувања за подобар живот, дадени во предизборната кампања од новиот градоначалник од СДСМ Илија Јованоски.

Многу одржани прес-конференции, многу закупени билборди, рекламен материјал, програма на хартија, собири со граѓани …. Резултатот после избори: сликање и парадирање пред камери, убедување дека се оди во нагорна линија, еден куп заложби на збор….

Наместо почеток на “новиот живот”, градот под “Марковите Кули” веќе веднаш започна да се соочува со недостиг на вода за пиење, екстремни рестрикции и тоа најмногу во викендите, кога семејствата се претежно во домот.

До сега освен вработување на партиски послушници и промена на раководни и директорски места, друго во Прилеп не се случува.

Се она што во изминатите години се критикуваше и напаѓаше од петни жили, особено странските инвестиции во  ТИРЗ Алинци, сега се добредојдени и им се ветува целосна поддршка.

Според наши извори дознаваме дека водата за пиење на следната седница на Совет во среда ќе поевтини за 20%, па дали прилепчани ќе имаат пониски сметки во декември, ќе видеме.

Ова веројатно е еден од предлозите на новиот “граѓански парламент” кој се глуми во општината.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.