Власта продолжува со уривање: Се срамнува со земја и постаментот пред Врховниот суд

Споменикот на Ќосето предизвика бура од реакции откако преку ноќ беше тргнат од пред Судот во Скопје, а сега се руши и постаментот на кој стоеше споменикот.

По тргањето на споменикот градскиот татко Петре Шилегов истакна дека бил тргнат навечер за да не се кочи сообраќајот. Од општина Сопиште побараа да биде ставен кај нив, додека советниците на СДСМ гласаа против, велејќи дека така ќе се создадат поделби кај народот.

Изјавата на Шилегов дека Сопиште може да побара и метро беше оценета како навредлива за нив.

На местото на кое што беше споменикот, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, најави дека ќе биде насадено дрво „за човекови права”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.