Васко Ефтов ги расшамари “шарените револуционери” и на Фејсбук

(Фејсбук статус на новинарот Васко Ефтов)

“Да резмирам: До неделата имавме една ситуација кога “шарените првоборци” кажуваа дека не сакаат да гостуваат на Телевизиите и медиумите кои не се под нивна контрола за да не им даваат легитимитет. Од неделата наваму имаме сосема друга ситуацијата – Еден од нив гостуваше на медиум кој не е под нивна контрола и избега од интервјуто.

Од неделата наваму секое нивно непојавување на медиум што не е под нивна контрола ќе значи страв од соочување со јавноста. Од ловци, тие ќе станат “ловина”. Ќе ги ловат за да ги прашаат зошто го менувате името, зошто ја укинавте историјата на еден народ, зошто воведувате втор службен јазик, зошто ги продадовте вашите принципи за некоја фотеља.

Тие тоа го знаат – затоа се така пеплосани. Ќе можат да се силат, да апсат и денунцираат, но нивниот меден месец истекува. Не треба да биде некој политички експерт за да може тоа да го разбере. Можат да го пролонгираат нивното политичко траење, но не можат да ја спречат нивната политичка агонија!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.