Вардар – Копенхаген за 200 и 300 денари на Југ и Запад

1

Вардар ќе игра на својата „Арена“ во Скопје, против екипата на Копенхаген, во рамките од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони. Македонскиот првак доби дозвола од УЕФА за настап на свој терен, а не како што беше против Малме, кога средбата се играше во Струмица.

2

„Црвено-црните“ на 25 јули во Скопје ќе го пречекаат Копенхаген, А управата на Вардар реши, билетите за овој меч да се продаваат по 300 денари за Јужната трибина и 200 денари за Запад. На Северна и Источна трибина се прават подготовки за дуелот од Суперкупот на Европа, кој ќе се игра на 8 август и затоа тие две трибини ќе останат затворени за мечот меѓу Вардар и Копенхаген.

Тоа е пристојна цена, што значи дека навивачите сега ги имаат сите предуслови да го наполнат стадионот и да направат одлична атмосфера против данскиот првак.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.