ВОНРЕДНА ВЕСТ: Северна Кореја испали балистичка ракета – тврди Јужнокорејската армија

breaking
Северна Кореја испали проектил, при што се утврдило дека се работи за балистичка ракета, пишува Раша Тудеј, цитирајќи ги информациите кои доаѓаат од јужнокорејската армија.

Балистичката ракета била испалена во источен правец од Вонсан, Гангвон Провинцијата.

Претседателот на Јужна Кореја бил итно информиран за ситуацијата, при што наредил итен состанок на Националниот безбедносен комитет.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.