ВМРО-ДПМНЕ: ”Заев, разреши го прилепскиот директор на инспекторат што се луксузира! Еурокомпозитци немаат плата, а тој лудува?!”

Прес конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп

Во продолжение интегрален текст од одржаната пресконференција на советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гоце Стефаноски.

“Почитувани веќе лудориите на прилепските директори станаа секојдневие. Додека еден си префрлал државни пари на сметката од татко му, додека работниците гладуваат и земаат по едно евро плата, се појави друг уште “појак” oд негo.

Тоа е Јане Станкоски директор на Инспекторатот за земјоделие, претседател на ЛДП во Прилеп, поранешен директор во Тутунски комбинат. Сакајќи да го имитира неговиот идол Заев кој бара да му постелат црвен тепих во нива, овој одлучил да си ги исполнува желбите од детството, ама со државни пари.

Додека земјоделците не можат да закрпат крај со крај од лошата реколта за сите култури, од повисоката цена на нафтата, повисоката акциза за 3,5 денари, зголемениот данок, Јане наш си одлучил да набави најлуксузно возило од 32.000 евра.

Почитувани, со оваа локална и централна власт Прилеп оди во пензија, Прилеп пропаѓа, Прилеп го достигнува дното во сите области: економија, инфраструктура, хигиена, здравство!

Уништени се сите манифестации. Дали Јане одлучил да се вози со најлуксузно возило, а стечајците во меѓувреме гладуваат, пензионерите добиваат помали пензии, 300 фамилии останаа без егзистенција…

“Џез фестивалот” и “Прочка” останаа со нула денари поддршка од Влада, додека коледарчињата се бркаат од oпштина, додека се уништуваат културни споменици, министерот Алаѓозовски оддели средства за ГЕЈ ПАРАДА, субвенции за деца кои воспеваат херои од УЧК, средства за невладини на вработени во култура.

Почитувани, дали Јане е само еден пример за тоа како се раскрчмуваат народни пари? Очекуваме најитно да биде разрешен од министерот за земјоделие или во спротивно и него ќе го сметаме за соучесник во ова развластие и лудило што ин се случува на општинава и на државава”, посочија од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.