ВИДЕО: ”KOMUNA PRILEPI и градоначалникот ќе ви одговараат и на албански!? Тоа е новиот живот што ви го ветуваа!?”

“ОД УТРЕ ШАРЕНАТА ОПШТИНСКА ЗГРАДА ВО ПРИЛЕП Е KOMUNA PRILEPI”, гласи денешната прес конференција од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

“Се случи и тоа што не веруваше никој жив, а ни поколенија наназад во Прилеп! Градот херој стана двојазичен! Да, да Прилеп благодарение на Хари Локвенец, Кети Смилеска, Градоначалникот Илија Јованоски и нивната СДС стана двојазичен!

Револтот е огромен! Од ова култно место, градскиот часовник, пред една година Зоран Заев со овие прилепски функционери ви најави: АЛБАНСКИ ЈАЗИК ВО музичкото училиште и во цел град.

Затоа сега и Бујар Османи со автобуси ќе ја влечка прилепската администрација на обука за албански во Тетово. Битно ги изгласаа и казните:5000 евра за тој што нема да знае албански јазик.

Нема 500 евра плата, нема 20% пониски сметки за вода, нема повраток на ддв, нема затворен базен во Прилеп, нема ништо освен пропаст на градот.

Но,не заборавајте, наместо со поголем стандард и нови работни места, вие ќе живеете подобро со двојазичноста. Тоа е прва фаза пред федерализација, пред поделба на државата. Овие функционери на каубојски начин, насилно, со пуч, прекршувајќи Устав за да им угодат на ДУИ изгласаа двојазичност!

Колку ќе беше подобро да се тепаат за да ви ја зголемат платата или да ви ги намалат сметките за вода и струја. Жално и болно. Во сопствената Макаденија да ве казнуваат ако си го сакате својот јазик! Тоа е новиот живот, тоа се ветувањата на СДС, пратениците нивни и Градоначалникот.

Од утре шарената општинска зграда е веќе КОМУНА ПРИЛЕПИ.

Се надеваме дека и Градоначалникот и пи ар тимот од 72.000 денари месечно ќе уживаат кога соопштенијата и изјавите ќе бидат двојазични! А,вие пак да им верувате на овие според македонската јавност “предавници”! – истакнаа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.