(ВИДЕО) Човекот кој донесе малку свежина кај Американците: Додека беснееше пожарот во Калифорнија го ризикуваше животот за да спаси зајак

Додека во Калифорнија беснеел пожар на една од локациите, маж се обидувал да му помогне на зајак на кого му се заканувал огнот.

Непознат човек, бегајќи од пожарот, забележал зајак, кој се обидувал да пронајде засолниште од огнените јазици.

Излегол од автомобилот и се обидел да му помогне на животното, ризикувајќи го сопствениот живот.

Мажот уплашено скокал, фаќајќи се за главата и очајнички се обидувал да го спаси зајакот од огнот.

На крајот конечно успеал да го изваде од грмушката.

Иако одбил да даде интервју после овој потег, неговиот гест не смее да остане не забележан, бидејќи ваквите нешта ја враќаат вербата кај луѓето.

Погледнете:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.