(ВИДЕО) “Чарли ме касна”: Заработија еден милион евра од едно видео, а вака изгледаат популарните момчиња по 10 години

Charlie-Bit-His-Brother-620x350

Пред 10 години видеото на Јутјуб “Чарли ме касна на прстот” беше едно од најпопуларните видеа во светот.

Ова видео видео стана познато бидејќи е урнебесно смешно, неверојатно слатко и забавно и за кратко време собра 850 милиони прегледи, што беше рекорд во тоа време.

Момчињата пораснаа. Хари има 13 години, а Чарли 11 години. Нивното видео на семејството му донесе богатство од неверојатни 1,1 милиони евра. Во текот на годините тие двајца гостувале во многу телевизии и биле дел од голем број реклами.

profimedia-0333172098

Нивниот татко Хауард призна дека видеото било наменето само за пријателите и семејството, но кога виделе како гледаноста расте од ден на ден, одлучиле да го задржат на својот Јутјуб канал, пишува “Ледбајбл”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.