(ВИДЕО) Мистериозна карпа во Кина на секои 30 години “снесува јајце”

Клисурата од која излегуваат јајца, звучи како некоја митолошка легенда. Сепак, овој геолошки феномен не само што е вистинит, туку и постојано се повторува – само што карпата не создава јајца, туку камења во облик на јајца.

Една ваква карпа се наоѓа во Кина, односно во југозападниот дел на државата, во провинцијата Гуејџоу.

Во селото во кое се наоѓа карпата живеат само 20 домаќинства, но познато е по овие необични камени јајца, а до сега собрале 68 парчиња.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.