(ВИДЕО) Константин не може да му докаже на судот дека е жив !

Константин Релиу (63) се преселил во Турција во 1992 година поради работа и немал никаков контакт со семејството речиси 20 години, пишува Индепендент.

Бидејќи неговата сопруга не знаела ништо за него од 1999 година, претпоставила дека тој е починат и извадила потврда за смрт во 2016 година.

Во истата година Константин бил уапсен во Турција, бидејќи му истекла дозволата за престој, па бил депортиран во Романија.

Во Романија, каде што е прогласен за мртов, тој не може да се вработи, па се упатил во суд.

– Официјално сум мртов, иако сум жив, не можам да се вработам, вели Релиу.

Тој вели дека сака да се врати во Турција каде има компанија, но најпрво мора да го врати неговиот идентитет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.