(ВИДЕО) ИЗМАМА КОЈА ВЛЕЗЕ ВО ИСТОРИЈАТА: Влегол во банка и разговарал со менаџерот, а потоа станал побогат за 242 милиони долари !

Во 1995 година Футанга Бадани Сисоко скроил неверојатен план. Влегол во Исламската банка на Дубаи барајќи заем за купување на автомобил.

Менаџерот Мохамед Ајуб се согласил на заем, а Сисоко потоа го поканил на вечера. Тоа бил почетокот на најголемата измама во историјата.

Сисоко тврдел дека поседува моќ на “црна магија” и дека негова “специјалност” е да ги удвојува парите. По “магичниот перформанс”, Ајуб поверувал во лукавиот трик. Започнал да префрла пари на сметката на Сисоко, очекувајќи дека парите ќе се удвојат. Секако, ништо од тоа

Ајуб префрлил пари 183 пати во период меѓу 1995 и 1998 година, исто така, го подмирувал долгот на Сисоко кој изнесувал милиони долари. Вистински пример на лековерност.

Само неколку месеци откако го измамил Ајуб, Сисоко ја посетил “Ситибанка” во Њујорк, не само за да отвори сметка, туку и да пронајде начин да ги префрли парите во САД. Смислил уште еден лукав план – да се ожени со службеничка во банката.

“Еден ден влегол во Ситибанка, немал закажано. Ја запознал шалтерската службеничка и на крај се оженил со неа”, изјавил Алан Фајн, обвинител од Мајами, кој работел на случајот на Сисоко.

“Постојат причини да веруваме дека таа направила односот меѓу Сисоко и Ситибанка да биде опуштен, па тој отворил сметка на која префрлил повеќе од 100 милиони долари”, вели тој.

Тој купил три авиони и го исполнил својот сон да отвори авиокомпанија во западна Африка, Ер Дабиа, наречена по неговото родно село во Мали.

Сепак, Сисоко е уапсен при купувањето на два хеликоптери, кои потекнуваат од виетнамската војна. Понудил мито од 30.000 долари на цариниците, за да му дадат дозвола за извоз. Уапсен е во Женева и набрзо префрлен во Мајами, каде станал јавна личност.

Кауцијата за него изнесувала 20 милиони долари, што до тогаш било рекорд во Флорида. По излегувањето од притвор продолжил неконтролирано да троши пари, купувајќи повеќе од 30 луксузни автомобили, 23 апартмани и донирајќи големи суми во хуманитарни цели.

Денес Сисоко има околу 70 години и живее во куќа опколена со вооружени чувари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.