(ВИДЕО) Задоволство по цена на затвор: Провалил во продавница за возрасни и украл кукла вредна 4.500 долари

Еден секс шоп во Австралија се нашол на мета на провалник кој бил подготвен да се’ само да грабне секс кукла.

Безбедносните камери во Малбурн го снимиле крадецот со фантомка на главата, кој со помош на клешта за сечење жица и апарат за гаснење пожар провалил во продавницата.

Откако ги деактивирал безбедносните бариери, влегол во продавницата и ја украл секс куклата Дороти вредна 4.500 долари. Мажот е снимен како со лутката под мишка трча кон своето комбе.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.