(ВИДЕО) Во школо го тепале и фрлале по скали, а денес е најмоќниот човек во светот: Тој пишува нови страници на историјата !

Само тој знае како поминувал во школо, бегањето дома после часовите, ќотекот од врсниците…

Кој е Илон Маск, човекот кој го испрати “Хеви Фалкон” ракетниот автомобил да кружи околу Земјата?

Tom Ford vs Ziplining harness

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Илон Маск е роден во Преторија, Јужноафриканската Република. Како дете не си играл многу со врсниците, бидејќи бил “неспретен”, но затоа читал и ден и ноќ, понекогаш и по два романи дневно. Секогаш го интересирале компјутери и научна фантастика.

Имал тешко детство. Како во школо така и дома, пишува “Инсајдер”.

По разводот на неговите родители во 1979 година, Илон останал со неговиот брат Кимбал и со неговиот татко. Кога во 1983 година ја дизајнирал и продал играта “Бластер” за 450 евра, знаел во која насока ќе се движи неговиот живот.

Откако завршил средно школо се преселил во Канада, Онтарио. Дипломирал физика и економија на Универзитетот во Пенсилванија, САД.

За време на студирањето покажал дека умее да работи со пари и бизнис. Со цимерот изнајмиле 10 соби во студентскиот дом и ги претвориле во ноќен клуб.

Цел месец живеел со еден долар во џеб. Неговиот единствен оброк била една црвена пиперка, која ја конзумирал поради витаминот Ц.

Пресвртот во животот се случил кога запишал докторат на Стенфорд – по само 2 дена се откажал од таа приказна и со 28.000 долари, колку што му дал татко му ја основал фирмата ЗИП2.

Во фирмата спиел, јадел, не сакал да “се расфрла” со пари. По 4 години, ја продал фирмата и заработил 22 милиони долари. Основал “онлајн банка” која покасно се претворила во “Пејпл”.

Илон Маск станал извршен директор.

Иако имал проблеми со Одборот на директори, тој останал акционер. Во 2002 година “Ибеј” го купи “Пејпл” а Маск бил најголем акционер. Заработил 165 милиони долари. Тогаш ја основал компанијата “СпејсХ” која го испрати “Хеви Фалкон” оваа недела во вселената.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.