ВИДЕО: Васко Ефтов го избриша подот со Сашо Тасевски, па овој посрамен избега од интервјуто!

Директорот на Драмски театар, кој претходно беше активист на сдсмовската Шарена револуција вечерва го напушти интервјуто во емисијата „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов.

Откако беше целосно разобличен, на Тасевски не му преостана ништо друго освен посрамотен да стане од столчето и да го напушти интервјуто без никаков коментар.

Ваквиот потег на Тасевски следеше откако претходно Ефтов прочита ФБ статуси на актерот од минатото, во кои го критикува именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана во претходната влада.

-Гледате ли тоа колку сте биле инспириран кога Талат Џафери стана министер за одбрана во влада на ВМРО-ДПМНЕ, а на 27-ми март кога Талат е избран, односно е најавен дека ќе биде избран за претседател на парламентот велите:

-Гледате, сега не сте инспириран, сега некој ви имаше ветено функција, затоа молчевте. Тука е проблемот, тоа се двојните принципи и стандарди Тасевски. За тоа целаемисија зборам, му порача Ефтов на тасевски, по што овој остана „замрзнат“ околу половина минута.

После тоа, тасевски без коментар го извади микрофонот и го напушти студиото. Бегството на Тасевски можете да го погледнете на 39-тата минута од видеото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.