Бонучи пристигна во Милано: Фановите му приредија громогласен пречек (ВИДЕО)

Untitled

Трансферот кој вчера исплива како голем шок сепак ја доживеа својата завршница. Бонучи е нов играч на Милан.

Стоперот на Јувентус премина во редовите на ривалот од Милано, кој не штедеше ниту на овој трансфер.

Новите газди од Кина летово дебело го одврзаа ќесето, а за 30-годишниот интернационалец на Италија ќе платат 40 милиони евра, според медиумите во Италија.

Леонардо Бонучи oд 2010 година го носеше црно-белиот дрес на Јуве каде постигна 15 голови, а денеска допатува во “Каса Милан” каде и официјално ќе се пресели во нова средина.

Фановите на Јувентус оваа информација ја примија со неверување и негодување, но нивниот миленик од одбраната сепак реши да се збогува и да сврти нов лист во кариерата.

Бонучи е деветто засилување за Милан во трансфер периодот, претходно во Милано пристигнаа и Фабио Борини, Франк Кеси, Хакан Чолханоглу, Рикардо Родригез, Матео Мусачио, Андреа Конти, Андре Силва и Антонио Донарума (помалиот брат на првиот голман на Милан).

Во продолжение погледнете како фановите на Милан го дочекаа Бонучи:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.