“Бидна и тоа: ПРИЛЕП ЌЕ Е ДВОЈАЗИЧЕН!?”

Она што пред една година го најави лидерот на СДСМ под градската Саат Кула во Прилеп, денес е на повидок да добие своја завршница.

Жално, но вистинито, Прилеп станува двојазичен град, иако во него воопшто не живее албанско население.

Градот на непокорот и град кој даде многу жртви за време на конфликтот во 2001 година, против албанските агресори, ќе биде погоден во срцето и ќе биде понижен како никогаш до сега.

Институциите ќе бидат со двојазични табли, а законот предвидува и двојазични униформи, банкноти, печати, поштенски марки, уплатници….

Во предлог-законот предвидена е глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра за  органите како и сите други институции за непочитување на одредбите од овој закон. Глоба во износ од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече на службеното лице и одговорното лице за непочитување на Законот.

Еве што изјави Заев пред една година во Прилеп:

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.