Беше фудбалска ѕведа: На 31 година го напушти фудбалот за да биде пејач (ВИДЕО)

Во текот на својата кариера настапуваше за големи клубови како Јувентус, Интер, Рома, Бока Јуниорс, Саутемптон, неговите голови каде и да играл многу често биле вистинско воодушевување за публиката, но според неговиот карактер, она што следува понатака може да се каже дека е очекувано.

Станува збор Даниел Освалдо, фудбалер со несомнени фудбалски квалитети, но и многу проблематичен карактер кој често им одеше на нерви на неговите тренери.

Поранешниот напаѓач на Рома, Фиорентина и Саутемптон, Пабло Освалдо го напушти фудбалот за да и се посвети на музиката.

Тој во интервју за италијанска Газета говори за својата необична одлука да го напушти фудбалот и да се откаже од милионската плата за да гради музичка кариера.

– Одлучив да ја напуштам Бока, таму имаше премногу озборување. Не можев да излезам од дома на мира, се плашев од луѓето. Не можев ништо да правам. Потоа имав понуди од неколку клубови од Кина, но ми беше доста од се. Почнав да го мразам она што некогаш најмногу го сакав, изјавил тој.

– Фубалот бара почитување и љубов, а мене сакарата и пивото ми се подраги од парите, додал Освалдо.

Тој раскажал и една случка од времето кога настапување за Интер под водство на тренерот Роберто Мансини со кој и физички се пресметал:

– По натпреварот со Јувентус го удрив и го прашав дали сака физички да се пресметаме. Тој само ми рече – Немој да зборуваш вакви работи пред сите. Потоа отидов во неговата канцеларија со плачење, ми беше срам од своите постапки, дополнил Освалдо.

Освалдо сега порача дека не жали што повеќе не се занимава со фудбал и откри дека повеќе сака скара и пиво.

Сепак каде и да играл неговите голови остануваат она по што фановите на клубовите го паметат. И во Рома, во Јувентус, во Интер, неговите голови се она што ги загреваше срцата на фановите.

Сега тој има и свој бенд каде е пејач, слушнете една песна од нив:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.