Јоци: Ова е една невидена фарса со далекусежни псоледици, ниту одев по улици за ова, ниту имам намера да ве гласам пак

Новинарката Јорданка Ивановска- Јоци на својот ФБ профил пишува за поскапувањето на дизелот, Тиранската платформа, Заев, патните трошоци и Петре Шилегов. За неа ова е една невидена фарса со далекусежни последици, и додава „ниту одев по улици за ова, ниту ќе ве гласам пак“.

ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци

1. Акцизата за нафта зголемена, допрва ќе повлече поскапувања. И ќе финансираме нови вработувања, институти, ќе пополнуваме буџетски дупки.

2. Ахмети бара осуда на геноцид од 903-та, од македонски Парламент, кој врска нема со тој геноцид затоа што државата Македонија не го ни извршила ( една од точките на Тиранска платформа, која не постоеше).

3. Се носи Закон за јазици на цела територија на МК и албанскиот ќе стане службен. (Исто точка од Тиранска платформа плус формирање на Институт за алб.јазик и инспекторат, веќе се издвоени пари во Буџет 2018). Лиле Поповска и ДОМ, од владеачката коалиција, гласаа “против”.

4. Заев ќе менува историја, ќе брише “бугарски окупатор”, и по споменици и по учебници. И ќе менува “име”.

5. Пратениците се мотивираат со тежок кеш во вид на “патни трошоци”, за да бранат и гласаат и противуставни закони.

6. Нема бројчаник на Триумфална порта, конфискувања.

7. Петре Шилегов си стави заменик градоначалник од ДУИ. Никого не праша, ниту пак претходно информираше.

Една невидена фарса и политички валканици со далекусежни последици. Ниту одев по улици за ова, ниту имам намера да ве гласам пак.

Јоци: Каде се сега шарените, оние кои се вработија во влада да реагираат за смртните случаи на бебиња

Нема кој да организира протест за 6 починати бебиња за десет дена. Ни да пише отровна колумна, да гукне бар. Сите “граѓански активисти”, кои, претходно се колнеа во чесност и партиска необоеност, се вработени во Влада, по кабинети, носат бурек, точат зелка за некој министер, напиша Јорданка Ивановска – Јоци на својот Фејсбук профил.

-Вазалство е мал збор. За греота е правиот. Направија кариери врз мртви деца, а сега си прават селфија, пишува Јоци.

Јоци: Шарените диктатори приграбија за себе позиции, голем профит, во моментов во вас се вперува прст како во зло

Мала група од невладините, самопрогласени „борци“ во моментов врши терор со индоктринација и пропаганда кон сите неистомисленици, луѓе од елитата, културата, образованието, работничка класа, буржоазија, кои, ги критикуваат и разобличуваат, пишува на својот ФБ профил новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

(ФБ статус на Јорданка Ивановска- Јоци)

ШАРЕНИ ДИКТАТОРИ

Онака како што се случи “Диктатура на пролетаријатот” по теркот на Ленин, така и нам ни се случи “Шарена диктатура” по т.н. “Шарената револуција”.

Ветените реформи за нормализирање на општеството, се претворени во “црвен терор”, а “шаком и капом” се грабаат позиции и привилегии, кои, порано биле во посед на грујовите војници.

Мала група од невладините, самопрогласени “борци, како ексклузивно заслужни за уривање на Груевски (иако за тоа се заслужни околу 420.000 граѓани), приграби за себе позиции, голем профит, и во моментов врши терор со индоктринација и пропаганда кон сите неистомисленици, луѓе од елитата, културата, образованието, работничка класа, буржоазија, кои, ги критикуваат и разобличуваат. И притоа се пресметуваат буквално со исти методи како и оние против кои се “бореле”.

Другари и другарки, “шарени” диктатори.
Ако мислите дека ова ќе ви помине, многу сте во заблуда.
Секој еден, кој беше дел од протестите и гласал против ВМРО, а богами се стотици илјади, меѓу кои и јас, во моментов вперува прст во вас како во зло.

Ништо вие не сте симнале, никаков режим.
Вие, лично сте и режим и диктатори. Го храните и одржувате во живот. Со вашиот молк, понизност и мрсулав нос од среќа што сте се добрале нечесно до позиции. Без конкурси, во кафански седенки.

Сакате сендвичи ? Сладолед ?

Јоци ја повика Најчевска: Се сеќаваш кога Ермира му ги поправаше кецовите на директоров во Телеком?

И покрај тоа што Замир Мехмети се труди да се прикаже како интелектуалец, Јоци се сеќава, а се сеќаваат и многу други, како на времето сестра му од позиција му ги поправаше кецовите со закани.

Во времето кога Ермира Мехмети беше портпарол на ДУИ, Замир, бил дрзок матурант, кому професорката по албански јазик му закчлучила единица. Ермира се нашла повикана да ургира – со врескање. Им се заканувала со откази на професорите во „Зеф Љуш Марку“ ако не му бидат поправени единиците на тогашниот матурант Замир, денешен предлог за директор на Владата на РМ.

„Замир, брат ѝ на Ермира, е поставен за директор во “Телеком”. 

Пред десетина години, во медиумите имаше текст дека Ермира му поправа кецови во “Зеф Љуш Марку”.

Чекаме став од Мирјана Најчевска Велика Пречесна, дали “кецарош”, нејзиниот “омилен” профил, е во ред да биде директор со 2-3000 евра плата. 
Или, сега може?

Најчевска, се слушаме? Или ти ги оперираа гласните жици?“, напиша Јоци на Фејсбук.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.