Целосно подобрени воспитно-образовните услови во централното и подрачното училиште на ООУ “Кочо Рацин” (ВИДЕО/ФОТО)

0

Основното општинско училиште “Кочо Рацин” од Прилеп ги почувствува промените од десетте милиони евра вложени во образовниот систем во општина Прилеп. Целосно се подобрија условите за работа и одвивање на воспитно-образовниот процес во централното училиште и подрачната училишна зграда во населбата “Рид”. Промените се најмногу воочливи токму во подрачното училиште, каде од зграда пред распад, се направи ремек дело, во секој поглед. 

BeFunky Collage

Директорот на училиштето Петре Крагуевски одржа пресконференција на која ги презентираше реализираните проекти и инвестиции во училиштето, како и идните планирани активности околу дополнително подобрување на условите за настава и работа.

Во продолжение ви приложуваме видео материјал за тоа како се одвиваше процесот на инвестирање во училиштето.

Централно училиште ООУ “Кочо Рацин”

Подрачно училиште во населба “Рид”