Успешна приказна која опстојува една година: Салонот за убавина “Шанел Ексклузив е патот кон перфекција

Да се има чувствителен поглед, насочен кон совршенство, перфекција и уникатност, не е ни најмалку лесно. Но, она што другите не го умеат, го има како дар во себе Андријана Крстеска, сопственичка на Салонот за убавина “Шанел Ексклузив” од Прилеп.

_csc7291-markukule

Успешната приказна која опстојува веќе една година, во изминатите 365 дена донесе многу насмевки, лица исполнети со воздишки, фасцинираност, и грациозност. Сето тоа благодарение на умешноста, вљубеноста и посветеноста на младата сопственичка.

_dsc7234-markukule

Салонот за убавина “Шанел Ексклузив” е плод на владините мерки за самовработување преку грантовите на Агенцијата за вработување, што беше шанса за уште еден млад човек да го пронајде својот пат  кон успехот и успешно да заработува.

 

_dsc7240-markukule

Маркукуле.мк присуствуваше на прославата по повод првиот роденден на Салонот за убавина “Шанел Ексклузив”. Со тоа ја продолжуваме нашата мисија да ги промовираме позитивните вредности и секако успеси на сите оние кои со свој труд се докажуваат и градат  иднина преку напорна работа.

 

“Сакам моите клиенти да излезат од салонот задоволни. Од секогаш го следев мојот сон,  кој со напорна работа, труд и посветеност успеав да го остварам. Во оваа професија морате да работите со љубов, само така ќе постигнете резултати. Јас вложувам се’ од себе за да ги направам среќни моите клиенти”, истакна сопственичката Андирајна  Крстеска.

_dsc7260-markukule

Салонот нуди професионални фризерски услуги, уникатна шминка и депилација, а лоциран е на улица “Васко Карангелески” бр. 39.

Нека за вас се погрижи некој што ја сака својата професија, некој што ќе го вложи целото внимание и што ќе сака да ве направи задоволни и среќни, затоа што вашиот изглед е ваша виза во општеството.