Старт на подготовките: ПОБЕДА ГИ АНГАЖИРА АЛОМЕРОВИЌ, ИЛИЈОВСКИ, ИВАНОВ И ТАЛЕСКИ

0

13517538_10209752630076460_7426696180380032536_o

Со прозивка на шефот на стручниот штаб, Дарко Крстески и спортскиот директор Јовица Обрадовиќ, со првиот тренинг стартуваа подготовките на Победа за следното првенство во Првата лига. Враќањето на двократниот шампион во елитното друштво очекувано предизвикува голем интерес кај фудбалерите, кои сакаат да го носат црвено-белиот дрес и да настапуваат во Првата лига. Потврда за тоа е што ниту еден од фудбалерите кои изборија прволигашки статус не го напушти клубот и сите беа присутни на првиот тренинг, а имаше и многу нови лица. Официјално нови засилувања на Победа се четворица фудбалери.

13443217_10209752629556447_7019135455451789674_o

13502684_10209752629436444_1054598295866094010_o

13482989_10209752629796453_8013067965524400347_o

Од нив тројца се повратници во Прилеп: играчот за врска Кемал Аломеровиќ(35) се враќа по една сезона помината во Академија Пандев, левиот страничен Ристе Илијовски(22), по две сезони во Младост, а голманот Давор Талески(21) по две сезони во Металург. Ново име е десниот страничен Димитар Иванов(21), кој беше поврзуван со трансфер во Победа и минатото лето кога од Вардар беше позајмен на Љубанци, а во зимскиот преоден рок го засили Тетекс. На проба во Прилеп е и 23-годишниот јапонски фудбалер Хајато Вакино(23), кој настапувал за литванскиот прволигаш Стумбрас и фински Атлантис, а околу 1-ви јули се очекува доаѓање на четворица напаѓачи од Африка.

13503101_10209752629596448_1083487683415423515_o

13458551_10209752629396443_5067649762376654287_o

13497683_10209752629476445_8923194072981979624_o

13502705_10209752629516446_3209881614726493077_o

На првиот тренинг имаше десетина играчи од млдинскиот погон како и неколку помлади неафирмирани играчи кои ќе тренираат со екипата одреден временски период, по што ќе следи селекција и скратување на списокот. По десетдневните почетни тренинзи во Прилеп и задолжителните лекарски прегледи, екипата од 10-ти јули заминува на летни подготовки во Банско(Бугарија), каде веќе се договорени две пријателски средби со Пелистер на 12-ти и Академија Пандев на 17-ти јули.

13517487_10209752630156462_3636376118896535202_o