Се гради летниковец на „Слива“

_MG_3202

Убавото сочево време, прекрасната недопрена природа, ги поттикна членовите на здружението „Љубители на ридско планински активности, рокенрол и добра чашка“ ентузијастички, заеднички и работно, да започнат со расчистување на отпадот околу највисокиот дел на мариовскиот крај, преминот „Слива“ и градење на летниковец. Летниковецот ќе послужи за одмор на сите добронамерници и љубители на природата, кои го посетуваат овој еколошки најчист крај, Мариово, а исто така ќе пружи одмор во летните горештини на сите добронамерници, вљубеници во чистиот воздух и недопрената природа.

_MG_3228

– Иницијативата на здружението „Љубители на ридско планиски активности ,рокенрол и добра чашка“, исклучително  ми се допадна, бидејќи во оваа недопрена природа недостигаат иницијативи. Сега е важно да се одржува,чува овој простор како општо добро и да не се фрла отпад за да не се загадува природата. Овие луѓе, денска завршија одлична работа, не само со градењето на летниковецот, туку и со расчистувањето на отпадот, кои го оставале зад себе посетителите. Вакви еколошки акции ни се потребни за чистење на прилепската околина, а локалната самоуправа дава несебична поддршка на овие иницијативи за расчистување на ѓубрето и зачувување на животната средина – истакна градоначалникот, Марјан Ристески кој ги посети велосипедистите.

_MG_3250

Од здружението „Љубители на ридско планински активности, рокенрол и добра чашка„ велат дека трета година по ред е како го расчистуваат овој простор кај мариовскиот превој „Слива“ и апелираат до сите оние кои го користат ова природно катче за уживање: велосипедисти, планинари и други љубители на природата да уживаат во еколошката чиста средина на Мариово и да не фрлаат отпад.

_MG_3198

_MG_3201

_MG_3242