Прилеп ве кани на: Дводневно адреналинско доживување!

0

769fe91611b1da87159741032a87c4d03c4fec5c71f134cbc8pimgpsh_fullsize_distr

EKСТРЕМЕН ВИКЕНД ВО ПРИЛЕП: Скејтери, бајкери, паркур, мотокрос, оff road возење… Организаторите најавија одлично дружење и многу учесници од земјава и странство .

_mg_3533

Уште еден богат викенд во Прилеп и тоа со несекојдневни случувања. Програмата започнува во сабота 15.10.2016 со почеток од 18:00 часот на Скејт паркот во Прилеп, на едно место најдобрите од Македонија: скејтери, бајкери, паркур, ролери, а за музичката програма ќе се погрижи Dj Гоце Саф.

_mg_3554
Во недела, со почеток во 10:00 часот по четврти пат на Мото крос арената во Лагово, посетителите ќе може да уживаат во атракција во возење на мотокрос „Stormriders 2016“ и џипови „1st Macedonian trophy off road“. Вистинско доживуавње и уживање за сите оние кои се љубители на екстремните спортови.

_mg_3560

Градот под Марковите кули, покрај фестивалскиот туризам, во кој е неприкосновен лидер во Македонија и на Балканот, полека, но сигурно го развива и алтернативниот спортски туризам. Овој несекојдневен настан е во организација на моторциклистичката федерација и клубовите за екстремни спортови.