ПРВА МЕТА: Клоп доведува 20-годишен играч од Бундеслигата

0

x-default

Како што пренесува добро информираниот локален медиум “Ливерпул ехо”, фудбалерот на Баерн Леверкусен Јулијан Брант е прва желба на Јирген Клоп.

Според овој медиум, Јурген Клоп цела сезона го следи овој 20-годишен играч и смета дека тој целосно би се вклопил во играта на Ливерпул.

Брант има 20 години, но уште од 2014 година е во првиот тим на Леверкузен.

До сега има одиграно 80 утакмици и има постигнато 17 гола, игра на позиција крило и добро се снаоѓа на двете страни.

Ф.Г.