Постигнат договор: Колашинац ќе потпише за Јувентус

0

kolasinac

Како што пренесува “Скај Спорт Италија”, постигнат е договор помеѓу Јувентус и фудбалерот на Шалке Сеад Колашинац и тој наскоро ќе стане играч на Јувентус. Меѓутоа, сеуште не се знае дали тоа ќе се случи сега или в лето.

Агентот на репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Гордон Стипиќ, допатувал денес во Милано заедно со Џанлука Петралиа, посредник во трансферите помеѓу Сериа А и Бундеслигата, со цел да го договори трансферот на Колашинац во тимот на Старата дама.

Сега се чека Патрис Евра да одлучи за неговата иднина. Доколку тој одлучи да го напушти Јувентус, тогаш Старата дама ќе понуди 3-4 милиони евра на Шалке, со што делумно би го откупиле Колашинац, а доколку Евра  одлучи да остане, босанскиот репрезентативец ќе го облече дресот на Јуве дури во јуни.

A.Г.