Лешница – „Срцето на Шарпланина“ и Титов Врв

lesnica1

Лешница или срцето на Шар Планина како што ја нарекуваат планинарите, е месност сместена на 300 метри пониско од Попова Шапка и на 1450 метри надморска височина.

lesnica2

Локалитетот го краси посебна местоположба и убавина, која како мамец ги кани туристите од Македонија и светот. Лешница нуди несекојдневен и раскошен алтернативен туризам, привлечен за стотици алпинисти преку годината.

lesnica4

Живописната месност се наоѓа во најдлабоките и најодалечените пазуви на Шар Планина и изобилува со иглолисна букова и друга мешана шума, како и со богата ендемична флора и фауна која може да се најде само на ова место.

lesnica5

Низ оваа месност поминува и најголемата тетовска река Пена која се спојува со Лешничка Река, а во далечината се гледа и највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв.
Целиот овој амбиент надополнет со мирисот на сите билки, кавалот на овчарите и преубавото Шар Планинско млеко секој посетител го оставаат без здив.

lesnica10

lesnica9

Околу месноста Лешница се наоѓаат највисоките врвови на Шар Планина со висина од околу 2700 метри како и огромни пространства кои се наоѓаат на висина над 2500 метри со дебели снежни прекривки од месец ноември до месец мај во годината, при што пружаат идеални услови за подготовки за експедиции.
До Лешница може да се стигне на повеќе начини, но најдобар приод во зимскиот период е скијачкиот центар Попова Шапка, па преку врвот Церипашина да се спуштите во долината на Лешница.

lesnica6

Оваа природна оаза е раскрсница кон највисоките врвови на Шара и неодминлив раскош на природата кој несомнено треба да се доживее и види.
Лешница е Балканската Швајцарија сместена во нашата земја, месност која едноставно мора да се посети.

lesnica12

lesnica14

lesnica15

Пишува:
Александар Георгиоски