Култната серија “Досиеата X” се враќа на малите екрани

0

x-files-2016-trailers-preview

Серијата “Досиеата X” повторно ќе можеме да ја гледаме на малите екрани, објави телевизиската куќа FOX. Дејвид Даквони и Гилиан Андерсон се враќаат во улогата на ФБИ агентите Мулдер и Скули, а креаторот на серијата Крис Картер ќе продуцира нова сезона.

Продукцијата започнува ова лето, а серијата ќе биде емитувана во сезоната 2017/2018.

“Неверојатната ТВ Серија ја одбележаа неверојатни актери, богата приказна и креативни автори. Тоа се само некои од причините за големото влијание и создавањето на милионска публика ширум светот. Креативноста на Крис како и брилијантноста на главните актери ќе продолжи и во новата сезона. Едвај чекам да видам”, изјави претседателот на FOX Broadcasting.

Ф.Г.