КРИВОГАШТАНИ ЈА ДОЧЕКА НОВАТА ГОДИНА СО СПАСЕН СИЛЈАНОСКИ И НЕКСТ ТАЈМ

0

кривогас

Голем број на храбри луѓе и покрај ниските температури ја дочекаа новата година во центарот на Кривогаштани со ’’Ја излези Ѓурѓо’’ од Некст Тајм , Спасен Силјаноски, одличните Моника и Дарко и спектакуларен огномет со голем број на награди за присутните, на кои општината на најсрејќните им додели 2 таблет компјутери, кошаркарски и ракометни топки, голем број на новогодишни пакетчиња за најмалите, награда за најубаво новогодишно украсена куќа и двор, бебешка опрема за првото новородено дете во изминатата 2015 година, ваучер за прехрамбени продукти, викенд за двајца во Охрид и традиционално како секоја година наградени беа и дежурните служби на територијалната противпожарна служба со микробранова печка, полициската станица Кривогаштани со нов лаптоп компјутер за своите потреби и за прв пат оваа година на највозрасниот член на новата итна медицинска помош во Кривогаштани му беше доделен телевизор.

Општина Кривогаштани уште еднаш докажа дека е достојна да застане рамо до рамо со големите градски општини во државата и може да се носи со предизвиците кои ќе следуваат веќе од утре. Наредната 2016 година знаеме дека ќе започне со уште посилно темпо на работа и уште во првите месеци од новата година ќе започнат да се реализираат 10 нови капитални проекти за кои веќе се обезбедени финансиски средства.

Уште еднаш Ви посакуваме Среќна и Успешна Нова Година и среќни празници !!

Градоначалник на Општина Кривогаштани – Тони Заткоски

111 21212 2121212121