Историја долга повеќе од 70 години. За клучарите од Прилеп не постои брава за која нема клуч

0

DSC02473

Да се види занаетчиски дуќан во ова модерно време со толку многу љубов во него, уреденост и автентичен дух е реткост. Клучарите во старата чаршија во Прилеп се семејство кое го негува овој занает повеќе од 70 години. Дуќанот кој денес има посовремен изглед, е аманет од прадедо и изгледа како аптека. Се си има свое место и одлично се вклопува во внатрешниот и надворешниот изглед.

DSC02442

Она што ни остави впечаток е тоа што во денешно време младиот внук Кристијан Костоски, е тој што го презема занаетот, со кого разговаравме и ни ги откри тајните и спецификите на овој занает. Кристијан од 10 годишна возраст пројавил интерес за занаетот. Детската љубопитност на почетокот, прераснувала во се поголема заинтересираност и желба за работа.

DSC02444

DSC02445

Занаетот го започнал Милан Ѓуроски кој бил лиец, лиел клучеви, предмети и чесно со многу труд почнал да го создава ова што и денес постои. Методија Ѓуроски, дедото на Кристијан, кој денес е постариот мајстор во дуќанот, сеуште има елан и желба за работа, е човекот кој го продолжил патот.

Временската рамка за да се изработи еден клуч зависи од видот на клучот кој муштериите го бараат. Доколку се работи за изработка на стар клуч, потребно е околу 30 минути, а за новите клучеви кои се работат на машина, времето е многу пократко.

Клучевите ги изработуваат исклучиво од италијанско железо  “Силка” . Додека пак постарите клучеви се изработуваат од месинг.

При изработката  се користат егина, турпии, менгеме, дупчалка, разни пропратни алати и специјална машина за изработка на клучеви.

Новата технологија на се поголема употреба на електронските клучеви не ги плаши. Размислувањата на Кристијан се насочени кон осовременување и следење на таквите текови. Тој има аплицирано за програмата за добивање на неповратни кредити од страна на Владата на Р. Македонија и Агенцијата за вработување. И токму тие средства планира да ги вложи во нова современа механика, која би му овозможила да биди во тек во модерната технологија.

 Од овој занает вели дека се живее. Секако доколку се работи со многу љубов, посветеност и желба, постојат услови за еден среден живот кој ги покрива месечните трошоци.

Мора да се спомене и тоа дека стариот мајтор Методија, мината година доби и Третоноемвриска диплома за Придонес во развојот и зачувување на занаетчиството во Прилеп, што е големо признание за неговиот труд и посветеност.

10405971_1115676185165008_2138437298_n

DSC02464

Ни раскажаја уште и дека дуќанот привлекува огромен интерес, особено од туристите во летниот период, кои постојано застануваат, фотографираат и се интересираат.

Навистина ни беше мило да посетиме едно вакво живописно место кое носи огромна историја во себе. Убаво беше да се почувствува мирисот на старата прилепска чаршија, од пред 70 години, кој и денес се чувствува во овој дуќан.

DSC02471

DSC02474