Дел од духот на стариот прилепски еснаф: Мајсторот кој повеќе од 30 години од лимот создава ремек дела

0

Петре Талески е еден од ретките занаетчии кои работат во прилепската “Стара чаршија” и кои сеуште го одржуваат духот на чаршијата и на стариот прилепски еснаф. Неговиот лимарски дуќан сместен во улицата на бочварите во чаршијата, живее од 1985 година и во себе ги крие целата мајсторска енергија, посветеност и работа, како и анегдотите и досетливите шеги и пазарења со муштериите. Неговата “Алумина” е приказна за себе. Од самиот влез ќе ве пречекаат лимарските ремек дела, направени од вредните раце на Талески.

BeFunky Collage

Во октомври 1984 година, Петре Талески е човекот кој го обновил покривот од градската Саат Кула, нешто што го прави уште повеќе горд.

16683439_10210050045542103_678304901_n

Сјајот на лимот, беспрекорно добро изработените лимарски производи и секако долгогодишната традиција го привлече нашето внимание  и не натера да му украдеме малку време на Талески.

-Колку време овој занает живее во вашето семејство и дали се пренесувал од колено на колено ?

Овој занает не се пренесува во нашето семејство, јас сум првиот во семејството што започнал да го работи овој занает. Започнав да го учам занаетот уште од 1977 година и неколку години работев како калфа, а потоа се префрлив во државна работа. Во 1981 година влегов во државната работа и таму останав до крајот на 1984 година, а од 1985 година започнав како самостоен занаетчија.

16684516_10210309545406686_376317784_n

-Од каде го научивте занаетот ?

Занаетот го научив од добрите мајстори во старата прилепска чаршија.

-Постои ли можност да се опстојува од овој занает,  да се заработува и да се живее од него?

Се живее од овој занает, секако доволно за нормален живот во Прилеп. Добар занаетчија секогаш знае да си го извади лебот.

16559255_10210309544006651_543301460_n

-Колку младите се заинтересирани за изучување на овој занает, дали ви се случило да дојде некој млад човек и да побара од вас да научи нешто повеќе за овој занает?

Млад, нема никој кој е заинтересиран за оваа работа.  Младите сакаат да седат во кафулиња, навечер да шетаат, а дење да спијат.

16652672_10210309545246682_1492104229_n

-Кои алати се употребуваат за овој занает?

За ситни лимарски производи се употребуваат “попримитивни” алати како чекани, ножици,клешти, додека за покрупни производи се користат апкани за спремање на јолуци (градежна лимарија), а ова во дуќанов е галантерија. Производите ги произведуваме во нашата работилница, а овде му ги пласираме на муштериите. Во работилницата моментално сме тројца.

16684755_10210309545286683_678105415_n

-Колку време ви е потребно за изработка на некој поголем производ ?

Се што гледате во дуќанот е изработено од нас, но никогаш не сме мереле колку време ни треба за изработка. По 3 до 4 часа за изработка на еден поголем производ, никој не не брка.

-Дали лимарскиот занает од секогаш ви претставувал задоволство ?

Најпрво започнав со занаетот затоа што морав да одберам нешто, а сега веќе не можeме ништо да превземиме, зошто и годините поминаа и мора со ова до крај да продолжиме, тоа да не докусури.

12743559_997180710349333_7161317650777094629_n

1986 година – Тенекеџискиот еснаф пред Стара црква

 

-Како занаетчија, долго време сте во Старата чаршија, сте сретнале многу луѓе. Во Прилеп викаат секој човек, башка табиет. Имате ли некоја анегдота или некој настан кој ви останал во сеќавање?

Во чаршијата сум од 1977година. Се случувале многу работи, но немало некаков поголем проблем. За враќање на производи, се случувало и тоа, пример и таткото ќе купи и синот  ќе купи нешто, а му се дуплираат работите и идат да ги вратат.

-Што може да направи државата за заживување на занаетите во чаршијата, а со тоа да се врати и стариот сјај на чаршијата?

Државата сега ништо не може да направи. Нема млади кои се заинтересирани и тука државата не може да помгне. Има и стручно училиште за лимари, механичари, ама никој не се интересира за тоа, валкана работа е.

-Имате ли наследник во знаетот, некој што после вас ќе го работи ова истото?

За жал немам наследник, ниту во семејството ниту некој друг. Дури нема млади кои се заинтересирани ќе се губат занаетите. Младите сакаат да им биде лесно, а во занаетите сега нема многу пари. Moжеби тоа ќе се промени и овој занает ќе опстане и во иднина.

Ф.Г.