Градење на мостови за соживот преку квалитетен образовен процес: Речиси 7 милиони денари инвестиции во ООУ “Kирил и Методиј”

0

ООУ “Kирил и Методиј” во населеното место Канатларци е повеќе од училиште. Оваа образовна институција претставува и мост кој гради соживот помеѓу македонското и турското население и претставува столб на тој соживот кој се негува со векови наназат. Училиштето располага со централна зграда во Канатларци и подрачни училишта во населените места Подмол, Ерековци и Бонче. Во изминатите 12 години во училиштето се инвестирани 6.877.558 денари, инвестиции кои значително ги подобрија условите за одвивање на воспитно-образовниот процес.

BeFunky Collage

За реализираните инвестиции, како и за идните планирани проекти, денеска во училиштето пресконференција за новинари одржа директорот Влатко Кузманоски.

ООУ „Кирил и Методиј„ Канатларци е двојазично училиште во кое се  изведува настава од прво до деветто одделение на македонски и турски наставен јазик.

Во состав на централното основно општинско училиште во Канатларци припаѓаат и подрачните училишта во населените места: Подмол, Ерековци и Бонче.

Вкупно во нашето училиште настава посетуваат 242 ученици, од кои 71 ученик наставата ја следи на Македонски наставен јазик, а 171 ученик наставата ја следи на Турски наставен јазик.

Во изминатите 12 години во централното училиште во Канатларци, како и во подрачните училишта во Ерековци, Подмол и Бонче континуирано се вложуваа финансиски средства за подобрување на просторните услови за непречено извршување на воспитно-образовниот процес. Сакам да искажам голема благодарност до Локалната самоуправа, а посебно до градоначалникот г-ин Марјан Ристески, за неговите заложби и за обезбедувањето на финансиски средства од буџетот за успешно завршување на сите овие проекти.

Таксативно ќе ги набројам само покрупните проекти кои беа реализирани изминатите години:

Ќе почнам од централната училишна зграда во КАНАТЛАРЦИ

 

ООУ”Кирил и Методиј” (ПРЕД)

  • Со Проектот за модернизација на образованието, набавени се персонални компјутери и лап топ компјутери за секој ученик – вредност: 600.000 денари
  • Се изврши Реконструкција на опожарен објект и пренамена на објектот во нова библиотека во ООУ „Кирил и Методиј“ с.Канатларци – вредност на договорот 164.424 ден.
  • За потребите на новата библиотека се изврши Збогатување на книжниот фонд со нови книги – вредност: 100.000 ден.

И според мене најважниот проект за локалното население е отворањето на детската градинка која ја користи и населението од околните села.

За потребите на градинката се изврши:

  • Реновирање, доградба и адаптација на училници и санитарни јазли во ООУ „Кирил и Методиј“ с. Канатларци – вредност на договорот: 1.200.000 ден.
  • За потребите на градинката се изврши и набавка на инвентар со средства од буџетот на Локалната самоуправа – вредност на договорот: 340.864 ден.

ООУ “Кирил и Методиј” (ПОТОА)

Во село Бонче се изврши комплетна:

  • Реконструкција, доградба и санација на старото училиште и адаптација за отворање на ново училиште – вредност на договорот: 362.000 ден.

грњг

Подрачно училиште во с. Бонче (Пред-Потоа)

Во село ЕРЕКОВЦИ се изврши комплетна:

  • Реконструкција, доградба, промена на дограма, санирање на ѕидови и тавани – вредност на договорот: 492.000 ден.
  • Се заврши со Изградба на новите санитарни јазли и реконструкција и адаптација за водовод и канализација – вредност на договорот: 350.584 ден.
  • Исто така извршена е и промена на постоечкиот дотраен покрив и целосно покривање на училиштето со нов пластифициран лим – вредност на договорот: 600.000 ден.

ереков

Подрачно училиште во с. Ерековци (Пред-Потоа)

Во училиштето во ПОДМОЛ беа реализирани следниве проекти:

  • Поплочување на училишниот двор со бекатон плочки, поставување на клупи во училишниот двор и оградување на училиштето во с. Подмол – вредност: 1.500.000 денари
  • Реконструкција и санација на подови и столарија во училишна зграда на две училници и столарија во третата училница вредност на договорот: 588.757 ден.

подмол

Подрачно училиште во с. Подмол (Пред-Потоа)

  • ИЗВЕДУВАЊЕ НА РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА И САНАЦИЈА НА ПОДОВИ И СТОЛАРИЈА ВО УЧИЛИШНАТА ЗГРАДА НА ДВЕ УЧИЛНИЦИ И ВЛЕЗЕН ХОЛ –  вредност на договорот: 751.929 ден.

Ова беа само дел од реализираните проекти во нашето училиште.

Но, нема тука да се застане. Со гордост сакам да ги најавам и идните проекти кои се планирани во нашето училиште.

  • Во соработка на општина Прилеп со Агенцијата за млади и спорт во училишниот двор во Канатларци ќе се гради повеќенаменско игралиште за мал фудбал и кошарка
  • Комплетно ќе биде заменет веќе дотраениот покрив на училиштето и училиштето ќе биде покриено со нов пластифициран лим
  • Во тек е изгадба на парк од бекатон плочки и поставување на клупи во дворот на училиштето
  • Во с. Бонче ќе бидат изградени нови санитарни јазли
  • Во с. Подмол планирана е и третата фаза на реновирање на ходник и уште две училници со што ќе биде завршено и комплетното реновирање на целото училиште
  • Додека пак во с. Ерековци планирано е реновирање на наставничката канцеларија и санација на една просторија и пренамена во мини училишна сала.

dav

dav

dav

Главните и основни цели на нашето училиште покрај непречено и квалитетно  реализирање на воспитно – образовниот процес, се и  градењето и зајакнувањето на соживотот помеѓу различните етникуми. Како резултат на секојдневните заложби на училиштето, мината година нашето училиште беше добитник на престижната Третоноемвриска награда, за инвестиции и унапредување на воспитно образовниот процес, како и градење и зајакнување на соживотот помеѓу различните етникуми”, истакна директорот Влатко Кузманоски.

17916437_434930046846427_317748265_o