Четири години во црвено-црниот дрес: Сашка Филипоска од Прилеп ита кон спортските височини во Вардар

Сашка Филипоска е  млада ракометарка која потекнува од Прилеп. Во новата сезона, таа ќе биде дел од вториот тим на ЖРК Вардар, кој се натпреварува во најсилната супер лига. Ова ќе биде четврта сезона за неа во црвено-црниот дрес, која ги има поминато сите младински екипи на ракометниот клуб Вардар. Игра на позицијата десен и лев бек, додека минатата сезона за младинските на Вардар играше на позицијата десен бек. Исто така се работи и за младинска репрезентативка на Македонија, која влева надеж за во иднина дека може да прерасне во врвна ракометарка. Сашка потекнува од спортско семејство, па од тука и нејзината желба да започне да се занимава со спорт, односно ракомет кој станал единствен правец каде се гледа во иднина.

vardarfans-filiposka-2

1. Зошто баш ракометот го избравте како спорт со кој се занимавате и денес. Дали имаше желба за некој друг спорт ?

Моите родители биле спортисти и во домот секогаш се зборува за спорт. Мајка ми била ракометарка , татко ми фудбалер, па затоа имав можност да бирам некој од овие два спорта и на крајот се одлучив да тргнам по стапките на мојата мајка.

2. Каде започнавте да тренирате, кој беше вашиот прв тренер и на колку години за прв пат почуствувавте ракометна топка ?

-Започнав да тренирам во РК “107” во школата на мојата мајка , Елизабета Филипоска, која беше продолжение на школата од РК”Тут-Ком”. Моите почетоци беа од 5-6 години бидејќи секогаш бев на ракометниот терен.

vardarfans-naslovna4-660x330 (1)

3. Кои се младински екипи на РК Вардар ги имате поминато и со кои се тренери имавте можност да соработувате ?

-Прв мој тренер во Вардар беше Благоја Весиќ, а потоа во кадетската лига настапувавме со Билјана Пецевска и Драгана Пецевска – Ристова. Последнава сезона во младинската екипа не предводеше Анжела Платон и Александра Кузмановска.

4. Можеш ли да ни издвоиш натпревар во дресот на Вардар, кој најмногу ти останал во сеќавање ?

vardarfans-filiposka-4

-Во дресот на Вардар највозбудлив и највпечатлив ми бил натпреварот со Металург, одигран минатата сезона, кога во спортската сала во населбата Автокоманда одигравме со нерешен резултат. Тоа беше возбудлив меч, како да се играше финале на младинската лига, каде двете екипи дадоа се од себе да забележат триумф. 

vardarfans-mladinski-kategorii1

Остатокот од интервјуто прочитајте го на VARDARFANS.MK